logo

Членови на Сојузот на сметководители на Република Македонија


Сојузот на сметководители на РМ функционира со здружување преку делегати делегирани од членовите на општинските здруженија во Македонија.
На почетокот, Здружението на книговодители имало значајна улога во решавање на стручни проблеми, односно во трансферирањето на научната теорија во пракса од областа на сметководството и финансиите. Во извештајот за работата на Здружението на книговодители на Македонија до 1972 година усвоен на 19.01.1973 година даден е заклучок „работниците во сметководството на основните организациии, членови на организацијата, а и самото сметководство имаат важна улога за натамошен развој на само управните односи и посебно во реализација на уставните амандмани и спроведување на стабилизационата политика во организациите на здружен труд... понатаму во извештајот се вели ...стопанскиот криминал, кусоците и другите злоупотреби кои најчесто се откриени со екстерните контроли“. Во истата година направена е реорганизација на Здружениетово Сојуз со нов Статут согласно со новиот назив- Сојуз на сметководители и финансиски работници. Во тоа време, Сојузот има значајна улога во прилагодувањето на стопанскиот систем на тогашните уставни промени и промената на прописите од областа на стопанството, со самото тоа што Сојузот активно иницирал изработка на предлози на закони и подзаконски прописи.
Како професионална асоцијација (тело) на сметководители, Сојузот постојано водел уредна евиденција на своето членство. За илустрација на големината на членството, во продолжение презентираме податок за бројот на членовите на Сојузот по избрани години.

  • 1956 година:      5.500 членови;
  • 1969 година:      6.800 членови;
  • 1972 година:      7.800 членови.
Во 1995 година, Сојузот изготви Регистар на членови со професионално звање – сметководител кој броеше 6.288 членови. Поради ваквата респектибилна бројка на членови, Сојузот станува членкана IFAC.
Во 2011 година повторно се активира работењето на Сојузот со обединување на 36 општински здруженија и давање стручна и морална поддршка во процесот на обновување на активности на овие здруженија, во функција на усогласување со најновите законски прописи. Општински здруженија кои членуваат во Сојузот на сметководители на РМ, опфаќаат преку 250 сметководствени сервиси (бироа) со околу 2.000 вработени и со 2.500 фирми и повеќе од 5.000 сметководители.

Системот на организирање на Сојузот е задржан до денес, и тој функционира на следниот начин:
-      сметководителите членуваат во своите општински здруженија од каде се делегира по еден делегат во Собранието на Сојузот;
-      други органи на Сојузот се: Извршен одбор, Надзорен одбор, Дисциплинска комисија за етика и Секретар.